Шпанците ја „растурија“ Бугарија, Босна и Херцеговина почна со победа

Репрезентацијата на Шпанија, која трипати беше европски првак на последните пет континентални првенство, убедливо го започна походот кон нов трофеј. Во првиот меч од ЕП 2022, Црвената фурија убедливо со 114:87 ја победи Бугарија.

Бугарите водеа со 9:8, по што следуваше серија на Шпанија од 12:0 и фаворитот првпат стигна до двоцифрена предност. Како одминуваше мечот, Шпанците константно ја зголемуваа предноста, па воопшто не беше изненадување тоа што Црвената Фурија на полувреме водеше со 22 поени предност (57:35).

Во вториот дел, фаворитот само рутински ги одигра вторите 20 минути и на крајот стигна до победа од 27 разлика.

Во вториот меч кој заврши, Босна и Херцеговина со 95:85 славеше над Унгарија. Во првата четвртина Унгарија започна многу подобро и во еден момент имаше водство од седум поени (20:13). БиХ константно беше во негатива и се обидуваше да го стигне противникот, а на полувреме резултатот беше 45:46.

Кошаркарите на Босна и Херцеговина одиграа фуриозно во третата четвртина. При резултат 56:56, БиХ направи одлична серија од 14:3 и стигна до водство од 70:59, а потоа со сигурна игра ја задржаа предноста и на крајот стигнаа до победа со двоцифрена разлика.

- Оглас -

Најнови вести