6048 Жилина – Левадија (17.30 часот)
Словачкиот тим во минатото играше и во групите од Лигата на шампионите, а сега игра квалификации за Конференциска лига. Жилина е поголемо име од естонска Левадија, но естонската лига е во тек и Левадија е во натпреварувачки ритам, и тоа е нивна предност, додека Жилина периодов играше само контролни дуели и на сите мечеви и даваше и примаше гол. Победникот од овој дуел, во следното коло ќе игра со белгиски Гент.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.22)
5608 Ал Ахли – Замалек (19.30 часот)
Ова е најголемо дерби во Египет, но односот на силите е таков што Ал Ахли е многу посилен во моментов и важи за фаворит. Ал Ахли има 16 бода повеќе, а и три меча помалку од ривалот кој е трети на табелата. Ал Ахли во 29 кола нема пораз, прими само 7 гола, а постигна дури 54 голови. Замалек е во налет, има четири победи по ред, но чудо би било ако остане непоразен против моќниот Ал Ахли.
Предлог тип: Т2 0 (1.95)
6811 Вадуз – Неман (20.00 часот)
Вадуз кој е претставник на Лихтенштајн, но игра во швајцарската лига, е фаворит на хартија, но нема да има лесна задача против тимот кој е лидер во белоруската лига во моментов. Овој меч ќе го суди македонскиот судија Качевски. Победникот од овој интересен дуел, во следното квалификациско коло ќе игра со Балзан или Домжале кои истотака играат во првата рунда.
Предлог тип: ГГ (1.94)
6734 Марибор – Биркиркара (21.00 часот)
Словенците и Малтежаните ќе водат битка за пласман во следното квалификациско коло во Конференциската лига, каде за противник ги чека луксембуршки Диферданж. Домаќинот Марибор е голем фаворит, би требало да победи со барем два гола разлика, а гостите ќе пробаат да се извлечат со што е можно потесен пораз.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.62)
6824 Шпанија У19 – Италија У19 (21.00 часот)
Шпанците се фаворити за победа во ова полуфинале на Европското првенство за фудбалери до 19 години, кое се игра на Малта. Шпанија во трите кола од групната фаза примија вкупно само еден гол, а Италијанците примија дури шест гола и имаа само една победа во три кола. Овие селекции во јануари одиграа пријателски меч кој го доби Шпанија со 1-0. Веројатно и вечерва нема да има премногу голови.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.40)