21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Шпанците одлучија да бидат Англичани – Ла Лига ќе се игра и за Божиќ и пред Нова година

Ла Лига го потврди календарот за новата сезона 2020/21 и им даде мал попуст на екипите што играа во европските купови и имаа продолжена сезона поради пандемијата со корона-вирусот.

Реал Мадрид и Хетафе ќе почнат со задоцнување од една недела, а Севилја, Барселона и Атлетико Мадрид ќе играат исто така малку подоцна, односно нема да тргнат на 12 и 13 септември, за кога е закажан стартот на новото издание на шпанското првенство.

И последниот тим што ќе стане прволигаш, а ќе се знае по финалниот двомеч меѓу Жирона и Елче на 20 и 23 август, исто така ќе стартува малку подоцна.

Според распоредот што веќе е изготвен и испратен до прволигашите во Шпанија, и официјално е потврдено дека едно коло ќе се игра за божиќните празници на 23 декември и уште едно пред Нова година на 30 декември, што досега не беше случај.

Прв меч што ќе се игра со публика ќе биде заостанатото финале на шпанскиот куп. Мечот за пехарот во Копа дел Реј ќе го играат Атлетик Билбао и Реал Сосиедад во термин што треба прецизно да се утврди, а начелно е планиран исто така за божиќните и новогодишите празници.

Темпото на натпревари ќе биде пеколно, а во календарот за сезоната 2020/21 треба да биде вметнат и Суперкупот на Шпанија. Ќе играат двата куп-финалисти Атлетик и Реал Сосиедад и Барселона и Реал Мадрид во јануари.

Ждрепката за новата сезона ќе се одржи наскоро во Шпанската фудбалска федерација.

 

- Оглас -

Најнови вести