Шпанците пишуваат: Столе Димитриевски би можел да го облече Кралскиот дрес

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, би можел во летниот преоден рок да го направи трансферот на кариерата и да се пресели во Реал Мадрид, пишува „Ас“.

Според весникот кој има одлични врски со управата на Реал Мадрид, Димитриевски кој го брани голот на Рајо Ваљекано, е еден од тројцата кандидати да го наследи вториот голман на Кралевите, Андриј Лунин, кој налето ќе си замине од Кралскиот клуб.

Покрај Димитриевски, на листата на желби на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, се наоѓаат и Давид Сорија од Хетафе и Фернандо Пачеко од Еспањол.

„Ас“ пишува дека 30-годишниот Сорија е прв фаворит за наследник на Лунин, тој веќе има брането за младинскиот рим на Реал Мадрид, а згора на тоа управите на двата тима имаат одлични односи.

Наследникот на Лунин, во Реал ќе пристигне за да биде замена за неприкосновениот Тибо Куртоа.

Ова не е првпат Димитриевски да се поврзува со трансфер во шпански гигант. Минатата година, Димитревски се поврзуваше со трансфер во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести