Шпанците после 515 минути пост, конечно дадоа гол на олимписки турнир

Машката фудбалска олимписка репрезентација на Шпанија, после дури 21 години и 515 минути игра без гол, конечно постигна гол на олимписките турнири, и тој погодок на Микел Ојарзабал им донесе победа од 1-0 против Австралија.

Со оваа победа, Шпанците кои се главни фаворити за златниот медал, дојдоа блиску до обезбедување пласман во нокаут фазата, а третиот меч во групата им е против Аргентина која денеска го победи Египет со 1-0.

Ојарзабал кој е капитен на Црвената фурија, на ЕВРО 2020 даде три гола, а сега погоди и на ЛОИ.

- Оглас -

Најнови вести