Германија и Шпанија играат без голови по првото полувреме на првиот четвртфинален натпревар на ЕВРО 2024 во Штутгарт. Двете селекции внимаваат на сопствениот гол, но, сепак, се обидуваат и први да зададат удар.
Шпанија многу рано остана без Педри, еден од најдобрите фудбалери во средниот ред, кој се повреди во осмата минута по еден дуел со Тони Крос.
Kroos really owned Pedri there pic.twitter.com/6rjHf81fWr
— Dr Yash (@YashRMFC) July 5, 2024
Нико Вилијамс беше закана кон голот на Мануел Нојер, на спротивната страна возврати Каи Хаверц, но без проблеми за Унаи Симон.
Во завршницата Дани Олмо со удар од далечина го испроба Нојер, а потоа се закани и Ламин Јамал.
Сепак, без голови по првото полувреме на пресметката во Штутгарт.