Шпанците се наредија за турскиот вундеркинд

Атлетико Мадрид, Валенсија, Селта Виго, Вилјареал се клубовите од Ла Лига кои чекаат прилика да преговараат со талентираниот Мустафа Капи, вундеркиндот на турскиот првак Галатасарај. На 17-годишниот играч за врска му истекува договорот ова лето, што значи дека без отштета ќе може да потпише за еден од споменатите шпански прволигаши.

Секако, најмногу примамува интересот од Јорганџиите, кои според квалитетот, на хартија се подобри од останатите екипи, но тука не игра улога само големината на клубот. Секако дека агентот на Капи ќе бара услови за својот клиент, а акцент ќе се стави на минутажата, покрај примањата.

Атлетико веќе извесно време го следи развојот на младиот Капи, кому најдобри атрибути му се техниката и визијата, односно читањето на играта. Тој е лидер на младинскиот тим на Галатасарај, додека за првиот тим дебитираше оваа сезона во турското првенство.

- Оглас -

Најнови вести