Шпанците се скараа – Гранада и Атлетик ќе останат без премиерата во петок

Гранада и Атлетик Билбао веројатно нема да играат во петок, во меч што требаше да биде премиерен во новото издание на шпанската Ла Лига, а причина е недоразбирањето меѓу раководството на Ла Лига и на челниците на шпанската фудбалска федерација.

Ла Лига го скрои календарот за новата сезона, а има доста натпревари што треба да се играат во петоците и понеделнички, нешто со што не се сложува шпанската федерација (РФЕФ).

Премиерниот меч што требаше да се игра меѓу Гранада и Атлетик Билбао, на 11. септември од 21 часот сега е ставен во мирување и речиси сигурно нема да се игра во тој термин во петок.

Неизвесно е и дали Алавес и Бетис ќе играат во понеделник на 14. септември од 21 часот во последниот меч што беше превиден за првото коло во најсилната шпанска лига, ако не дојде до брз договор меѓу раководството на Ла Лига и на челниците на РФЕФ.

Можно е календарот за новата сезона да се прекрои, без мечеви во петок и во понеделник, се додека нема дозвола за присуство на публика на стадионите.

Најрано што може да се очекува евентуален кам-бек на навивачите на трибините е февруари, идната година, според најавата на Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести