Шпанците слават во Мадрид и порачаа: Ова е само почеток! (Фото)

Фудбалската репрезентација на Шпанија се врати дома и има целодневна програма која уште трае.

Пехарот го покажаа кај премиерот, а вечерва централната прослава е на плоштадот Сибелес во Мадрид, каде што и Реал Мадрид ги слави своите титули.

Интересно е дека на отворениот автобус со којшто парадираа низ главниот шпански град имаше порака: „Шампиони на Европа. Ова е само почеток“.

Очигледно Шпанците веруваат дека со младите играчи кои ги имаат и во иднина ќе освојуваат важни трофеи и најавуваат доминација.

- Оглас -

Најнови вести