По елиминацијата на Бостон во втората рунда од разигрувањата од Милвоки, на Кајри Ирвинг му стана јасно дека ќе треба да побара друг клуб со кој ќе дојде до нов шампионски прстен. Плејмејкерот ова лето ќе биде слободен агент, а веќе извесно време кружат шпекулации дека Ирвинг повторно ќе му биде соиграч на Леброн Џејмс.
Неколку реномирани новинари од САД кои се занимаваат со трејдови и ангажмани во НБА лигата, тврдат дека ЛА лејкерс е блиску до постигнување на договор со Ирвинг. Тоа е првиот обид на раководството да создаде шампионски тим и да ги врати славните денови во Лос Анџелес.
Џејмс и Ирвинг соработуваа во Кливленд кавалирс, а во 2016 година ја освоија титулата против Голден стејт вориорс. Но, набрзо потоа Ирвинг ги напушти Кавс со цел да се наметне како прва ѕвезда во друг тим. Тоа не му се допадна на Леброн, но нивната врска се врати на старо оваа година.
Заеднички пријател на двајцата кошаркари веќе објави неколку фотографии на социјалните мрежи дека Ирвинг е пред преселба во Калифорнија. Инаку, пред неколку дека „езерџиите“ добија нов тренер, ќе ги предводи Френк Вогел, додека поранешниот славен кошаркар на Њу Џерси нетс Џејсон Кид ќе му биде помошник.
https://twitter.com/Irv_Do/status/1126332728155049985?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1126332728155049985&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FKosarka%2FNBA%2Fa286400-Lebron-i-Kajri-ponovo-saigraci.html