Репрезентацијата на Швајцарија уште во првиот дел го реши победникот на дуелот против Белорусија. Фудбалерот на Лугано, Ренато Штефен, за само 25 минути постигна дури три погодоци на дуелот кој се игра на неутрален терен во Нови Сад.
Серијата на Штефен започна уште во четвртатата минута за водство на Швајцарија од 0-1 (видео). Во 17-тата минута, швајцарецот стрелаше за водство од 2-0 (видео) за неговата репрезентација, додека конечните 3-0 после првите 45 минути, Штефен ги постави во 29 минута (видео).