Штета: Дарио Ивановски позитивен на ковид-19, нема да учествува на ЕП!

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски нема да настапи на Европското првенство во сала кое почнува за неколку дена во полскиот град Торун. Оваа лоша вест ја соопшти тренерот на Дарио, Игор Јакимовски.

„Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД-лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион. Се гледаме напролет, со новите предизвици, спортски поздрав од MC RUNNING TEAM“, објави Јакимовски.

Ивановски неодамна стана балкански шампион на 3.000 метри во сала и имаше амбиции да оствари висок пласман на ЕП, но, за жал, спречен е од корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести