Дарио Ивановски е балкански шампион во сала на 3.000 метри!

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, стана нов балкански првак во атлетската дисциплина 3.000 метри на Балканското првенство во сала кое се одржува во Истанбул, Турција. Ивановски до првата балканска титула дојде на доминантен начин, со речиси седум секунди подобро време од второпласираниот.

За Дарио ова е четврти медал од Балканијадите во кариерата, но прв златен. Овој блесок на момчето од Илинден му носи самодоверба пред настапот на ЕП во сала во Полска, од 4 до 7 март.

- Оглас -

Најнови вести