Ненад Димитријевиќ се приклучи во националниот состав на Македонија и донесе свежина во вториот дуел со Грузија за три дена, но и тоа не беше доволно за да имаме предност по првото полувреме.
Членот на Валенсија беше најефикасен во првото полувреме во Скопје со 16 поени, а Македонија дозволи со серија од 12:0 во последните четири минути Грузијците да имаат голема предност од 43:35 по првото полувреме.
На малку повеќе од четири минути до крајот на полувремето водевме со 31:28, но Грузцијците со серија од 12:0 успеаја да направат пресврт и да имаат предност по првиот дел.
Пред три дена Грузија ја победи Македонија во Тбилиси со 91:70, а по три кола во нашата група имаме три порази.