Штета: Пандев без шанса повторно да го реши Милан

Милан вечерва гостува кај Џенова во мечот од 12-тото коло во Серија А, во кој домаќините нема да сметаат на услугите на искусниот Горан Пандев.

Капитенот на Македонија се мачи со ситна повреда на грбот, како што известуваат италијанските медиуми, по што е отпишан за настап на „Луиџи Ферарис“.

Отсуството на Пандев е во полза на Росонерите на Стефано Пиоли ако се знае дека токму популарниот Гранде беше стрелец за Џенова во последниот пораз на Милан во Калчото. Пандев погоди за 1-0 во триуфмот од 2-1 на „Сан Сиро“, меч кој се одигра на 8 март во рамките од 26-тото коло од минатата сезона.

Милан во Џенова гостува како лидер во шампионатот со 27 бода по 11 кола, додека Џенова е претпоследна со 6 бода.

- Оглас -

Најнови вести