ПСЖ вчера немаше милост кон Сент Етјен и славеше со убедливи 6-1 во четврт-финалето од Лига купот на Франција. Главен шоумен во голеадата беше Мауро Икарди со хет-трик, но младата ѕвезда на Светците, Килијан Мбапе, за малку ќе го зачинеше шоуто со еврогол, кој дефинитивно ќе беше претендент за најдобар на сезоната.
Во контранапад на домаќините, Мбапе доби топка на неколку метри од шеснаесетникот, притоа виде дека противничкиот голман е далеку од својот гол и се обиде од прва со рабона да го лобува. Топката помина неколку сантиметри до дирекот, за жал…