Икарди и Мбапе со логистика од Нејмар го растурија најтрофејниот клуб во Франција

Мауро Икарди постигна хет-трик и имаше една асистенција и со асистенцијата на Килијан Мбапе, кој погоди еднаш и двапати му асистираше на Аргентинецот, го растурија 10-кратниот француски првак Сент Етјен.

Пари Сен Жермен победи со 6:1 и се пласира во полуфиналето на францускиот Куп, а покрај Икарди и Мбапе, кои блескаа, одличен меч одиграа и останатите светци, пред сèеНејмар и Ди Марија.

Бразилецот Нејмар беше стрелец на вториот гол на мечот со асистенција на Ди Марија, а покрај Икарди со три и Мбапе со еден гол, еднаш мрежата си ја затресоа и играчите на Сент Етјен.

Во финишот на мечот Сент Етјен, кој заедно со Олимпик Марсеј е најтрофејниот клуб во Франција (имаат по 10 титули), успеа да постигне почесен погодок, а стрелец беше Кабај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести