Мартин Мирчевски игра во одлична форма за едне од најдобрите клубови во Србија и денеска пак постигна гол за ТСЦ Бачка Топола тим што го победи Вождовац со 3:0 и има ист број на бодови, 32, како и лидерот Црвена Ѕвезда.
Клубот за кој игра нашиот интернационалец има одиграно три меча повеќе од актуелниот првак Црвена Ѕвезда, но има и низа од 11 натпревари без пораз, што топ-серија.
Мирчевски досега постигна пет гола и е прв голгетер на тимот, а денеска против Вождовац влезе во игра во 73. минута и му требаа само 360 секунди за да ја затресе мрежата на гостите.
Мартин е на делба на шестото место на листата со најдобри стрелци во српското првенство и сигурно ќе патуваше за Абу Даби за пријателскиот меч на Македонија против Саудиска Арабија закажан за 22. октоммври.
„Нашата намера беше да ги повикаме и Мартин Мирчевски (ТСЦ, Србија), Марко Симоновски (Дрита, Косово), Сефер Емини (Сондерјиске, Данска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и голманот Беким Реџепи (Партизани Тирана, Албанија), но дел од нив не добија дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот ќе се одигра надвор од ФИФА термин за пријателски мечеви, а некои се опоравуваат од повреда. Со нас ќе биде Дарко Велковски на кого му требаат натпревари за да влезе во права натпреварувачка форма, а шанса ќе добијат и Мартин Стојанов и Кристијан Тошевски. Се надеваме дека сите повикани фудаблери ќе одиграат максимално сериозно и ќе остават позитивен впечаток“, изјави селекторот Благоја Милевски при објавување на списокот со играчи што ќе патуваат за пријателскиот меч со Саудиска Арабија.
Мирчевски речиси сигурно ќе добие деби повик за прв настап во националниот тим за мечевите со Азербејџан и Финска во ноември.