Двајца обложувачи, еден што уплатил тикет во објект на Sport Life во Штип, другиот во Битола, синоќа беа најсреќните затоа што со мала уплата, имаа добитни тикети за коишто имаа богата исплата.
Интересно е што на двата тикети се наоѓаат истите три парови и игрите се слични, се однесуваат на број на голови во прво полувреме, а погодени се дури и точни резултати.
ПОГОДЕНИ ДВА ТОЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА ПОЛУВРЕМЕ
Штипјанец со 20 денари уплата на тикет со три меча има добивка од дури 185.220 денари. Овој играч погоди дека на мечевите Атлетик Билбао – Еспањол и Мореиренсе – Белененсеш на полувреме резултатот ќе биде 2-1, и навистина беше така. Третиот пар на тикетот е Салернитана – Специја, каде што се чекаа барем три гола во прво полувреме и погодоци на двата тима. На пауза беше 2-2.
Во Билбао, третиот гол за 2-1 падна рано, во 16-тата минута, па штипјанецот половина час стравувал да не падне уште некој гол кој би му го урнал тикетот. Во Португалија, Мореиренсе во 43-тата минута погоди за 2-1.
Што се однесува до фантастичниот добитен тикет во Битола, таму уплатата е 50 денари, а добивката 106.016 денари. Играни се истите три меча, но тука е прогнозирано дека двата тима ќе дадат гол и дека ќе има барем три гола во прво полувреме. И тука не се чекаше до крај, туку уште во 43-тата минута на мечот Мореиренсе – Белененсеш стана јасно дека тикетот е добитен.