Луксембург денеска ќе ѝ биде домаќин на Украина во квалификациски меч од второто коло во групата Б за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Ако сте во дилема што да одиграте за добитен тикет денеска, не се двоумете ѝ верувајте и на традицијата која е за Рипли, кога се во прашање дуелите на ови две селекции.
Досега играа трипати меѓусебе и сите три меча завршија со ист резултат, победа на Украина од 3-0. Почнаа со пријателски меч во 2006 година и Украинците славеа на гости со 3-0, а следните два дуели беа малку позначајни, но исходот не се менуваше.
Украина победи со 3-0 и во квалификациски меч во 2014 година за пласман на ЕП, а тогаш доминираше едно познато име. Андреј Јармоленко постигна хет-трик во период од 23 минути за лесна победа на гостите од Украина.
И во возвратниот дуел во тие квалификации, Украинците доминираа и со головите на Кравец, Гармаш и Конопљанка победија со 3-0.
Традиција си е традиција, понекогаш треба и да се почитува, а коефициентот за нова, четврта победа по ред на Украина со 3-0 во обложувалниците на Sport Life има одличен коефициент од 7.90.