Свемирски забивања – Што е подобро, Хеликоптерот на Џејмс, или постерот на Гобер за Адетокумбо (Видео)

Леброн Џејмс и Руди Гобер имаат супер-атрактивни забивања ноќеска во натпреварите од НБА лигата во победите на своите екипи Лос Анџелес лејкерс, односно Јута џез.

Кралот Џејмс имаше страшно забивање против Мемфис Гризлис, а шампионот Лос Анџелес лејкерс се врати од неверојатна негатива од 20 поени разлика и победи со 10, односно 115:105.

Гобер го залепи на постер Јанис Адетокумбо со уште едно импресивно забивање ноќеска, а и неговиот потег беше многу ефектен.

Јута го победи Милвоки со 129:115 и го има најдобриот биланс во НБА лигата со 21 победа и пет порази, пред Лејкерс со 21-6.

Ноќеска доминираа европските ѕвезди, Јокиќ, Дончиќ и Вучевиќ со брилијантни изведби, а НБА го одби и рекордерот Садик Беј.

Тој е првиот дебитант во историјата на НБА лигата со погодени 7 тројки без ниту едно промашување.Постигна личен рекорд од 30 поени и 12 скока во победата на Детроит пистонс против Бостон селтикс со 108:102.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести