Веѓата се врати на терен со 35 поени, европските ѕвезди во НБА растурија со кошеви (Видео)

Ентони Дејвис прескокна два меча поради повреда на ахиловата тетива, а кам-бекот му беше идеален. Постигна 35 поени за Лос Анџелес лејкерс, најмногу на мечот против Мемфис гризлис, а шампионите на НБА лигата славеа со 115:105, што им е седма победа по ред.

Популарната Веѓа, како што го нарекуваат Дејвис, имаше и 9 скока, идентично како и Леброн Џејмс. Најдобриот кошаркар на денешницата постигна 28 поени, а на 9 скока додаде и 8 асистенции.

Блиску до трипл-дабл ноќеска беше и Никола Јокиќ. Центарот на Денвер нагетс забележа 22 поени, 13 скока и 9 асистенции, а тимот за кој игра победи со 97:95. Нагетс имаа негатива од 12 поени по првата четвртина, но сепак победија во меч што покрај новиот импресивен настап на Јокиќ, го одбележа и чудниот кош на Џамал Мареј со голема помош на Хамиду Диало.

Одлична ноќ имаа уште две европски ѕвезди, покрај Јокиќ. Лука Дончиќ постигна 46 поени со 8 скока и 12 асистенции во победата на Далас маверикс против Њу Орлеанс пеликанс со 143:130, а Никола Вучевиќ уфрли 42 поени со 9 скока, за Орландо меџик во триумфот над Сакраменто кингс.

Резултати: Шарлот – Минесота 120:114, Вашингтон – Њујорк 91:109, Атланта – САн Антонио 114:125, Далас – Њу Орлеанс 143:130, Бостон – Детроит 102:108, Чикаго – Л.А. Клиперс 106:125, Денвер – Оклахома 97:95, Јута – Милвоки 129:115, Л.А. Лејкерс – Мемфис 115:105, Портланд – Кливленд 129:110, Сакраменто – Орландо 112:123.

 

- Оглас -

Најнови вести