Што е подобро, стартер во Рајо или резерва во Барселона?

„Бомбата“ на шпанскиот новинар Хозе Алварес дека Барселона сака да го донесе македонскиот голман Столе Димитриевски уште во јануари, ги разбранува духовите кај нас и на пиринејскиот полуостров. Времето ќе покаже дали ова е само шпекулација или ќе се реализира сензационалниот трансфер.

Димитриевски е одличен голман, во тоа неодамна се уверија и во Барселона, кога Македонецот му одбрани пенал на Мемфис Депај. Столе е незаменлив стартер во Рајо и има голем придонес во одличните резултати на малиот мадридски клуб, кој е пред Барса на табелата во Ла Лига.

Прв голман на Каталонците е Марк Андре Тер Штеген, а прва резерва му е Нето. Но, Нето е незадоволен од статусот и сака да си оди уште во јануари. Ако си замине, се остав празно место, кое Барса сака да го пополни со Столе.

Димитриевски сезонава има подобар процент на одбрани од Тер Штеген, но ако потпише за Барса, барем на почетокот ќе грее клупа, идејата на Барса е да го земе Столе како резерва за Германецот, и тука е дилемата дали е подобро да биде резерва во голем клуб и да стане прв Македонец во дресот на првиот тим на Барселона, или да брани редовно за помал клуб.

Друг проблем е што договорот на кумановецот со Рајо е до летото 2024 година, па Барса ако сака во јануари 2022 да го купи Столе, мора да му плати обештетување на Рајо, а финансиската состојба во Барселона не е добра.

Еве зошто Барса го сака Димитриевски на својот гол:

- Оглас -

Најнови вести