35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Барселона му „фрли око“ на Столе Димитриевски!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски сезонава блеска на голот на Рајо Вајекано. Димитриевски е голманот со најдобар процент на одбранети удари во цела Примера дивисион, па тоа е доволен знак за да се најде во фокусот на Барселона.

Според некои информации кои се блиски до каталонскиот гигант, луѓето од Барселона внимателно ги следат настапите на Димитриевски.

Од Барселона посебно го запамтија Столе и по дуелот на Рајо токму со Барселона, кога тимот од мадридското предградие победи со 1:0, а Димитриевски блескаше на голот, па дури успеа да му одбрани и пенал на Мемфис Депај.

- Оглас -

Најнови вести