Што ќе му е Роналдо на Реал кога има некој со ефект 33 меча и 46 гола

Реал Мадрид вечерва ќе се бори со Фенербахче за освојување на третото место на Ауди купот. Кралскиот клуб синоќа загуби од Тотенхем со 1:0 и само ја продлабочи кризата. Тимот има само една победа во последните осум меча. Денешниот дуел против Фенербахче е како нарачан да се прекине низата на лоши резултати.

Многумина уште зборуваат дека во минатата сезона се покажало колку недостасува Кристијано Роналдо со неговите голови. Португалецот е играч кој за девет години поминати на „Сантијаго Бернабеу“, на крајот имаше биланс од повеќе дадени голови отколку одиграни мечеви.

Иако на Ауди купот поради повреда го нема голманот Тибо Куртоа, токму белгискиот чувар на мрежата се најде на тапет. Куртоа дојде пред една година во Реал и беше најавуван како голманот кој треба да донесе сигурност и стабилност. Сепак наместо тоа, Куртоа во 33 меча на коишто бранеше прими вкупно 46 голови.

Многумина на шега велат дека Куртоа е вистинската замена за Роналдо бидејќи има повеќе голови отколку меча. За жал на фановите на Реал, Куртоа сите голови ги прими во сопствената мрежа. Порад повреда на зглобот, Куртоа може да паузира еден месец, што значи дека нема да го „наруши“ просекот во Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести