Што ли погреши Брајтвајт за да добие свирежи од навивачите на „Камп ноу“? (видео)

Барселона вчера го одигра последниот контролен натпревар во пресрет на новата сезона во Ла Лига. На „Камп ноу“ декласиран беше мексиканскиот тим на Пумас со 6-0, меч во кој во полн блесок се истакнаа новите ѕвезди, пред сè, Левандовски со гол и две асистенции до Педри.

Но, пред натпреварот, при самото претставување на екипата, се случи срамниот момент по кој навивачите на Барселона не може да бидат горди. Со свирежи и покажување на среден прст го пречекаа Мартин Брајтвајт како да е најголем непријател на клубот.

https://twitter.com/DanishFooty365/status/1556546141474496513

Буквално ништо лошо нема направено освен што управата се обидува да го избрка од своите редови. Данскиот напаѓач нема ништо против да замине сè додека му се исплаќа сумата од 12 милиони евра, колку што треба да заработи според договорот кој му важи до јуни 2024 година.

Се чини тоа е причината за недоличното однесување на навивачите.

- Оглас -

Најнови вести