Што му се случува на лидерот? Морбидели победи, Квартараро повеќе паѓаше, отколку што возеше во Мизано

Франко Морбидели победи на патеката Мизано за Големата награда на Сан Марино во најсилната Мото ГП класа, во трка што ја одбележа лошото возење на лидерот во Генерален пласман Фабио Квартараро.

За италијанскиот ас ова е прва победа во кариерата, а го искористи лошото возење и на Квартараро и на Вињалес.

Квартараро повеќе паѓаше, отколку што возеше на патеката Мизано за Големата награда на Сан Марино и се откажа, па го загуби и врвот.

Францускиот ас падна во четвртиот круг, но успеа да се врати и тргна од последното место во обид да освои барем некој бод, но потоа повторно падна и се откажа.

Второто место на трката во Сан Марино го освои Франческо Бањаја од Италија, а трет беше Жоан Мир од Шпанија. На четвртото место се пласира Валентино Роси, легендарниот мото ас, кој се уште чека шанса за 200. подиум.

Сега лидер е Маверик Вињалес, кој заврши на шестата позиција на денешната трка, а пред Квартараро се и Довициозо и Накагами.

 

- Оглас -

Најнови вести