Што правиме ако „цркне“ батеријата на топката? (Фото)

Технологијата која утврди дека Кристијано Роналдо не даде гол против Уругвај е новина на светските првенства, а за да работат сензорите кои се вградени во топката „Ал-Рихла“, пред меч се полнат со полнач како за мобилен телефон.

Сензорите во топката се користат за полуавтоматскиот офсајд, а информациите од ФИФА се дека батеријата во топката може да издржи шест часа, што значи нема опасност да се испразни во текот на натпревар дури и ако има и 120 минути игра и пенали.

- Оглас -

Најнови вести