Што се случи пред Реал да го даде голот: Судијата мафташе за офсајд, но залудно (Видео)

Реал Мадрид одигра само 1:1 на гостувањето кај Вилјареал во меч на кој Кралскиот клуб беше нез неколку стандардни првотимци. Актуелниот шпански првак поведе со голот на Маријано по само 105 секунди игра, но домаќините не се предадоа. Со гол од пенал во 76 минута, Вилјареал израмни на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Ова беше четврти пенал во последните две средби, досуден против Реал Мадрид.

Тоа што беше спорно на овој дуел се случи токму пред постигнување на голот за Реал. По акцијата на Кралскиот клуб, помошникот судија сигнализираше дека има офсајд, но главниот делител на правдата не ја прекина играта. Неколку секунди подоцна, Маријано даде гол.

Главниот судија Ернандес Ернандес подоцна им објасни на домашните играчи дека тој не мора да ја прифати секоја сугестија од помошниците за офсајд. Лукас Васкес беше во офсајд кога беше топката упатена кон него. Тоа додавање беше пресечено, но Васкес тргна кон топката, па помошникот процени дека влијаел на акцијата и го подигна знаменцето.

Сепак, гавниот судија процени дека акцијата не треба да биде прекината и Реал на тој начин го постигна единствниот погодок на денешниот дуел. Погледнете ја ситуацијата и сами проценете дали помошникот судија или главниот арбитар беше во право.

https://streamable.com/kkkm41

- Оглас -

Најнови вести