Во Реал ќе почнат да ја сонуваат белата точка

Вилјареал и Реал Мадрид и на четврти натпревар по ред на стадионот „Серамика“ одиграа нерешено, но овојпат 1-1, а не 2-2 како на претходните ти соочувања. Ослабениот Реал поведе уште во втора минута, по само 105 секунди игра со гол на Маријано Дијас кој принудно се најде во составот поради отсуствата на Бензема и Јовиќ.

Маријано на шест од седумте меча како стартер на Реал дава гол.

Но, мадриѓани се задоволија со ова минимално водство и тоа го платија во 76-та минута кога Морено им даде гол од пенал. Тимот на Реал Мадрид во последните две кола направи дури четири пенали и сега е тим кој е на делба на врвот по бројот на досудени пенали сезонава против нив. Пеналот го направи Куртоа на кого од 18-те пенали кои му ги шутнале во Шпанија, 15 биле голови.

Од јуни наваму, Морено има даде 12 гола, повеќе од било кој друг поединец во Ла Лига, и му помогна на Вилјареал да остане непоразен на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести