2.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Што се случи со Елмас? Само клекна и легна на теренот, веднаш беше заменет (Видео)

Елиф Елмас беше еден од најдобрите во тимот на Наполи во дуелот против Сасуоло, но мораше принудно да биде заменет во 56 минута. Сасуоло беше во напад, топката заврши во гол-аут, а играчите на Наполи се местеа да започнат нов напад.

Тогаш Елмас најпрво се фати за колената, клекна, а потоа и легна на теренот.

Веднаш интервенираа лекарите, притрчаа и соиграчите, а Елмас додека излегуваше од теренот постојано се држеше за главата, жалејќи се на вртоглавица.

Засега нема информации за каква повреда се работи и зошто Елмас ненадејно падна и беше заменет.

 

- Оглас -

Најнови вести