Марсело Брозовиќ лудувал во болница и толку го изнервирал персоналот што му повикале полиција, за да го смират.
Фудбалерот на Интер што неодамна со прекрасен гест ги освои срцата на сите во Македонија, има проблеми со алкохолот и ова не му е прв испад.
Претходно беше фатен како вози во алкохолизирана состојба, а минал и на црвено светло што го чинеше и казна од 100 илјади евра.
Сега сакал преку ред да влезе во болницата во Милано за да посети пријател кој си ја повредил ногата. Брозовиќ бил агресивен, па вработените во болницата повикале полиција. Италијанската агенција АНСА ја објави веста, а се претпоставува дека хрватскиот репрезентативец повторно бил под дејство на алкохол.
На крајот полицајците успеале да го смират Брозовиќ, кој потоа им се извинил на докторите и на целиот персонал. Сепак веројатно го чека нова драстична казна од Интер.
Марсело неодмна покажа дека сепак е голем спортмен и човек со широко срце кога реагираше на повикот на Фан-групата на Интер за да и се помогне на Македонката Стаменка Менче Трповска.
Менче е со здравствен проблем кој ја мачи подолг период. Девојката има проблеми со колкот и поради тоа не може да се движи без помош на помагала, а Марсело веднаш реагираше и ги уплати потребните 3.000 евра за лекување на 26-годишната девојка од Македонија.