Црвена ѕвезда со 4:2 го победи Златибор, и тоа со пресврт во последните 20 минути, откако гостите на „Рајко Митиќ“ имаа изненадувачка предност од 2:0. Покрај шесте погодоци, мечот го одбележа и прекинот кој го направија навивачите на Црвена ѕвезда.
Иако поради пандемијата со корона-вирусот, фудбалските натпревари во Србија се играат без гледачи, сепак, на полувремето се случи неколку навивачи да бидат покрај теренот. Еден од навивачите дури и им одржа говор на фудбалерите на Ѕвезда, која по првите 45 минути губеше со 0:1.
Прекин имаше и во 51-вата минута, кога навивач влезе на теренот, но немаше посериозен инцидент. Златибор поведе и со 2:0, но фаворитот во последните 20 минути даде четири гола и стигна до победа во Купот.
— Babica Travica (@BabicaTRAVICA) November 16, 2020