Што си рекоа Ибра и Лукаку што збеснаа толку за да се тепаат? (Видео)

Интер го доби вечното миланско дерби и се пласира во полуфиналето од Купот на Италија. Во драматичен меч, Милан водеше со 1:0 на полувремето, но Нераѕурите во вториот дел направија целосен пресврт и стигнаа до триумф од 2:1.

Кристијан Ериксен го даде победничкиот гол, и тоа со прекрасен шут од слободен удар во 97-мата минута. Сепак, во главна улога на дербито беа голгетерите Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку. Првите ѕвезди на двата тима постигнаа по еден гол, но тоа што беше најзабележително е нивниот конфликт пред крајот на првото полувреме.

Ибрахимовиќ и Лукаку прво имаа вербална расправија, и тоа откако Златан застанал во одбрана на неговиот капитен Ромањоли, кој имаше еден дуел со Белгиецот.

Ибрахимовиќ го испровоцирал Лукаку кажувајќи му некои невкусни зборови на Белгискиот репрезентативец. „Оди и прави ги тие твоите вуду сра*а магаре едно“, рекол Ибрахимовиќ, а Лукаку тогаш збеснал мислејќи дека слушнал навреди наменети за неговата мајка.

Лукаку тргна да се тепа со Ибра и почна да враќа на навредите. „Кучкин син“ и „Да те е*ам тебе и твојата жена, рече нешто за мајка ми?“ возвратил Лукаку кон Златан. Да не беа останатите фудбалери на теренот, многу веројатно дека ќе имаше и тепачка.

https://twitter.com/i/status/1354167204003131393

Во серијата провокации, Златан му рекол на Лукаку дека го чека во тунелот на полувреме, па затоа напаѓачот на Интер повторно збесна кога заврши првиот дел.

https://twitter.com/i/status/1354170466940936195

 

- Оглас -

Најнови вести