Што толку го изпровоцира Ѓоковиќ за да реагира налудничаво? (видео)

Српската тенисерска селекција испадна од Дејвис купот откако Русија славеше во дублот со 2-1. На страната на нашите северни соседи играа Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки, кои го загубија мечот против Карен Хачанов и Aндреј Рублев во кој имаа три меч-топки.

Србите сега бараат одговори како ја претрпеа елиминацијата иако беа во половна позиција за славење, па можеби токму овој момент, кога Ѓоковиќ ги загуби нервите е главна причина за тоа. Една погрешна судиска одлука ги чинеше Србите гем, Новак сервираше точно иако еден од помошните судии извика „аут“.

Потоа еден од најдобрите светски тенисери мораше да го повтори сервисот, по што Русите освоија поен и воедно гем за намалување на разликата на 4-3. Потоа Ѓоковиќ го зеде топчето и силно го удри кон трибините во знак на револт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести