Нов пораз на Ѓоковиќ, Србија испадна од Дејвис купот

Ниту присуството на Новак Ѓоковиќ не им помогна премногу на Србите во битката за трофејот во тенискиот Дејвис куп. Русија ја совлада Србија со 2-1, а клучната победа беше во двојки и тоа во тај-брејк во третиот сет. Хачанов и Рублев ги совладаа Ѓоковиќ и Троицки, откако нашите северни соседи испуштија три меч-топки.

Најдобриот српски тенисер во сингл си ја заврши работата, го надигра Хачанов, но Рублев беше подобар од Крајиновиќ, па решавачки беше дублот. Првичните најави беа дека ќе играат Типсаревиќ и Троицки, но во последен момент влета Ѓоковиќ на местото на Јанко Типсаревиќ.

Во полуфиналето, Русија ќе игра со Канада. Вечерва играат Аргентина – Шпанија и Велика Британија – Германија.

- Оглас -

Најнови вести