Што треба да направи Ѓоковиќ за да се врати на тронот на АТП-листата и да биде прв на крајот на 2019?

Рафаел Надал синоќа не личеше на тенисер кој е светски рекет број 1. Шпанецот не е закрепнат од повредите и едноставно не можеше да му парира на Александар Зверев во првото коло на Мастерсот во Лондон. 

Поразот на Надал е мотив повеќе за Новак Ѓоковиќ. Освен желбата на Србинот да го освои Мастерсот, сега тој може и повторно да се врати на првото место на АТП-листата. Доколку Србинот го освои Мастерсот без ниту еден загубен меч, Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како првопласиран на АТП-листата, додека Надал ќе падне на второто место.

Новак вечера игра против Доминик Тим, а потоа во третото коло од групата го чека и големото дерби против Роџер Федерер. Легендарниот Швајцарец попладнево игра против Беретини.

 

- Оглас -

Најнови вести