Надал сепак заигра во Лондон, но не личеше на светски рекет број 1

Александр Зверев целосно го надигра недоволно подготвениот Рафаел Надал и го совлада со 6-2, 6-4 во мечот од завршниот Мастерс во Лондон, а овој резултат го радува и Новак Ѓоковиќ, кој добива шанса годината да ја заврши како првопласиран на светската ранг-листа.

Ова беше прва победа на Зверев во меѓусебните дуели против Надал. Досега билансот беше 5-0 за Шпанецот, а денеска и Стефанос Циципас во шестиот обид дојде до првата победа против Данил Медведев.

Имаше шпекулации дека Надал нема да игра во Лондон туку само ќе го пријави своето учество за Ѓоковиќ и Федерер да бидат во иста група, па Србинот да загуби меч и да не може да го замени на првото место на АТП-листата, но повредениот Рафа, сепак, колку што можеше, даде на теренот, но тоа не беше вистинското негово лице и Зверев ја искористи шансата за да го совлада човекот против кого до вечерва не знаеше за триумф.

- Оглас -

Најнови вести