По ремито во дуелот со Португалија, македонската ракометна репрезентација ги задржа шансите за пласман на второто место во групата кое води во главната фаза на Европското првенство.
Веднаш започнаа калкулациите, а тие не се на страна на Македонија. Моментално Португалија има позитивна гол-разлика од 69:63 додека Македонија е со негативна гол-разлика од 53:65. Негативата која е во овој момент нашата репрезентација ја има во однос на Португалија е 19 голови.
Тоа значи дека во третото коло, прво Македонија на пример треба да ја победи Романија со шест гола разлика во вторник (18 часот), а потоа ќе навиваме за Данска. Актуелниот светски и олимписки треба да ја победи Португалија со 13 голови разлика.
Делува како невозможна мисија, но никој не може да забрани Македонија да се надева дека ќе игра во главната фаза на ЕП 2026.

