Министерството за внатрешни работи на Република Македонија веќе соопшти дека се поднесени кривични пријави против седум лица, кои се поврзани со спорниот натпревар помеѓу Кожуф и Башкими од минатата второлигашка сезона, но каква казна им се заканува на осомничените.
Согласно Кривичниот законик, казната според член 247, став 6 е од една до 10 години затвор.
Другиот член по кој е поднесена кривична пријава е членот 253а, став 4, за кој е предвидена казна затвор од една до пет години затвор.
Седуммината добија кривична пријава и по член 22 од Кривичниот законик.
Сега на потег е и Фудбалската федерација на Македонија, која треба со максимални казни да ги санкционира не само осомничените, туку и клубовите и да ги исфрли во најнизок ранг, но и Министерството за спорт, од каде имаше најави за поништување на решенијата за вршење дејност спорт и за двата клуба.