Македонската фудбалска репрезентација синоќа го претрпе најтешкиот пораз во историјата откако загуби со 7:0 на гостувањето кај Англија на „Олд Трафорд“. Не само што беше историски пораз, туку тоа беше и историска брука затоа што Македонија не шутна ниту еднаш кон голот на Пикфорд, не изведе ниту еден корнер, па дури ниту еднаш не беше ниту во офсајд-позиција.
Многу нули стоеја покрај знамето на Македонија на финалната статистика. Едноставно, Англија можеше да игра и без голман и пак ќе победеше!