Олександер Усик ја потврди доминацијата во тешка категорија во светскиот бокс откако вторпат во една година го победи Тајсон Фјури. Украинскиот боксер прво во февруари му го нанесе првиот пораз на Фјури, и тоа откако по 12 рунди судиите му ја дадоа предноста на Усик.
По тој меч, британскиот боксер веднаш побара реванш и го доби во саботата. Иако Фјури најавуваше дека е подготвен подобро од кога било, на крајот повторно Усик победи, и тоа пак со судиска одлука.
Со оваа победа Усик потврди дека е дојден крајот на доминацијата на боксерите од Западот. Во последните неколку години за најдобри „тешкаши“ се сметаа Фјури, Деонте Вајдер и Ентони Џошуа. Во тоа време Усик беше апсолутен првак во крузер категорија (до 90,7 килограми).
Иако некои прогнозираа дека Усик е ситен да се натпреварува во тешка категорија, со многу вежбање и труд, Украинецот не само што влезе меѓу „тешкашите“, туку започна и неговата доминација. Интересно е дека само пред четири години токму Фјури беше запрашан дали би прифатил борба со Украинецот, а одогворот беше со потценување кон Олександер.
„Не, Усик не е на мојата листа. Тој е анонимус. Никој не е заинтересиран за тој меч. Тоа не е борба која би можела да донесе пари. Зошто би се борел против него? Тој е мал „крузаш“, странец. Не зборува добро англиски јазик, никој не би бил заинтересиран за таква борба. Јас сакам големи мечеви, луѓето да бидат заинтересирани, а ова не би било таква борба“, рече Фјури само пред четири години.
Tyson Fury a few years ago refusing to fight Usyk
“I want the big fights and that ain’t one of them. He’s a foreigner in a westernised world. The heavyweight champion should be from Britain or America and nowhere else.”
Usyk has now beaten him twicepic.twitter.com/jRkeCQfRVc
— ACD MMA (@acdmma_) December 22, 2024
Популарниот Цигански крал тогаш веруваше дека светскиот боксерски првак во тешка категорија мора да биде или од велика Британија или од САД, а не од некоја источноевропска земја.
„Усик е странец во западниот свет. Шампионските појаси се вратија на Западот и така нека остане. Како и да ви звучи, шампионот треба да биде некој од Велика Британија или САД. Усик можеби е голема ѕвезда во Украина, но во Британија или Америка никој не го интересира Украинецот. Шампионот во тешка категорија мора да дојде од Западот и тоа е реалноста“, објаснување Усик на кого сега ова изјава му се врати како бумеранг.