6723 Кипар – Австрија (18 ч.)
Австрија имаше перфектни квалификации, но на последниот меч прими гол во 90+4 минута и загуби од Романија, па ја искомплицира ситуацијата за пласман на СП 2026. Затоа Австрија вечерва мора да победи на гости кај Кипар кој сигурно ќе остане на четвртото место во групата.
Предлог тип: 2&2-4 (1.88)
6725 Лихтенштајн – Велс (18 ч.)
Нема дилеми дека Велс е огромен фаворит за победа, но гостите на овој меч ќе бркаат и победа со повеќе разлика. На Велс им треба победа од шест разлика за да може во последното коло против Македонија во Кардиф да биде мирна и со нерешен резултат.
Секако дека шест погодоци се многу, но фактот дека Лихтенштајн има 10 порази по ред, а лесно прима по неколку голови, може да се очекува да има и голеада.
Предлог тип: 5+ (2.22)
6730 Швајцарија – Шведска (20:45 ч.)
Швајцарија е прва во групата и нема примено ниту еден гол. Од друга страна, Шведска е најголемото разочарување, затоа што иако во своите редови има неколку играчи од светска класа, се на дното од табелата со само еден бод од четири меча и без шанси за СП 2026.
Домаќините сигурно нема да пропуштат шанса да ги освојат трите бода, што за нив ќе значи и пласман на Мундијалот.
Предлог тип: 1-1 (2.40)
6727 Грција – Шкотска (20:45 ч.)
Грција нема шанси да се пласира на СП 2026, додека Шкотска има реални шанси да се бори и за првото место во групата каде моментално е Данска. До неодамна, Грција важеше за селекција со силна одбрана и на нејзините мечеви најчесто имаше малку погодоци.
Сепак, во овие квалификации во просек на средбите на Грција има повеќе од четири погодоци на меч, па затоа може да се очекува интересна пресметка во Атина.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.17)
6728 Словенија – Косово (20:45 ч.)
Словенија има последна шанса да се обиде да го стигне Косово кое е на второто место во групата. Доколку Словенија не победи, Косово сигурно ќе остане на втората позиција до крајот на квалификациите.
Косово има одлична дефанзивна линија и сигурно може да се очекува неизвесен и тврд меч со малку шанси и погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.91)

