Швајцарија – Италија е најнеизвесното осминафинале, и Германија – Данска е во топ 4!

Доколку се погледнат квотите во Sport Life за тоа кои тимови ќе се пласираат во четвртфиналето на ЕВРО 2024, дуелот помеѓу Швајцарија и Италија со кој се отвора осминафиналната рунда, треба да биде најнеизвесен од сите осум.

Квотата за пласман на Италија е 1.67, додека на Швајцарија е 2.15. За ниту еден друг меч, коефициентите за кец и двојка не се толку блиски.

Германија е фаворит против Данска, но и таа средба е во четирите најнеизвесни според квотите за пласман во следната фаза на двата тима. Најголеми фаворити се Шпанија против Грузија, Англија со Словачка и Португалија со Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести