Швајцарија победи и ја испрати Србија дома и тоа како убедливо последна во групата (Видео)

Швајцарија е последната репрезентација која обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако со 3:2 славеше над Србија во меч кој директно решаваше за тоа која селекција ќе остане на Мундијалот. Во втората средба од оваа група, Камерун го победи Бразил со 1:0 благодарение на голот на Абубакар во 92 минута, па на крајот табелата изгледа вака: Бразил 6 бодови, Швајцарија 6, Камерун 4, Србија 1 бод.

Мечот на стадионот „974“ во првото полувреме беше многу возбудлив, а мрежите на двата тима се тресеа по два пати. Швајцарија прва даде гол преку Шаќири, а потоа следуваа два погодоци за Србите. Митровиќ и Влаховиќ погодуваа за 2:1 за Србија. Сепак, на полувреме беше нерешено откако емболо погоди за 2:2 во 44 минута. Овие четири погодоци може да ги видите ТУКА.

На почетокот на второто полувреме Швајцарија постигна и трет гол. Во 48 минута Фрулер погоди за 3:2 по асистенција на Варгас.

Овој погодок како да им ги „скрати крилјата“ на српските фудбалери кои потоа имаа неколку шанси да израмнат, но не успеаа, па на крајот мораше да се помират со нов пораз и на крајот групата ја завршуваат како последни со само еден освоен бод.

- Оглас -

Најнови вести