Фајтерска игра: Србија губеше, па водеше и сега е нерешено што е во корист на Швајцарија (Видео)

Србија и Швајцарија играат нерешено 2:2 по првото полувреме, во меч од третото коло во групната фаза на Светското првенство. Ова е дуел кој директно треба да реши за селекцијата што ќе се приклучи на Бразил во осминафиналето на Мундијалот, а Швајцарија е во пол позиција затоа што ремито нив им е од корист.

Швајцарија подобро го почна мечот и со голот на Шаќири во 20 минута поведе со 1:0.

Србите брзо се вратија во игра и во следните 16 минути постигнаа два гола за комплетен пресврт. Најпрво Александар Митровиќ израмни на 1:1 по асистенција на Тадиќ, а потоа и Влаховиќ погоди за водство од 2:1 за Србија.

Кога се чинеше дека Србија ќе има предност на полувреме, Швајцарија изведе одлична акција и со голот на Емболо во 44 минута стигнаа до 2:2.

- Оглас -

Најнови вести