Репрезентацијата на Швајцарија допатува во Нови Сад, каде што утре ќе игра во квалификациите за Европското првенство против Белорусија. Домаќин е селекцијата на Белорусија, која поради санкциите од УЕФА мора да игра на неутрален терен како домаќин.
Интересно е дека Швајцарија пред неколку месеца ја расплака фудбалската јавност во Србија откако победи во клучниот меч од групната фаза на Светското првенство. На тој меч имаше голема тензија меѓу српските фудбалери и швајцарските репрезентативци, посебно оние кои се со албанско потекло, како Гранит Џака и Џердан Шаќири.
Се очекува швајцарската репрезентација да има посебно обезбедување во случај да не дојде до некој несакан инцидент. Според квотите во Sport Life, Швајцарија е голем фаворит и се очекува да победи во Нови Сад.