Отвореното првенство на Америка во тенис ќе има нов тандем шампиони, а по испаѓањето на Новак Ѓоковиќ ноќеска, денеска е елиминирана и Наоми Осака.
За подвиг се погрижија Швајцарите Стен Вавринка, кој го исфрли од игра Ѓоковиќ, и Белинда Бенчиќ, која вечерва беше подобра од Осака.
Швајцарката беше поладнокрвна во финишот на првиот сет, напарви брејк за 6:5 и потоа со одличен сервис поведе со 1:0. Повторно успеа да направи клучен брејк и во вториот сет поведе со 3:2 и не ѝ дозволи на ланската шампионка да ѝ ја загрози победата од 7:5, 6:4.
Во истиот термин, од 17 часот, Дона Векиќ успеа да ја победи Јулија Гергес со пресврт со 6:7, 7:5, 6:3 и ќе игра токму против Бенчиќ во четврт-финалето на Отвореното првенство на САД.