Швајцарски прволигаш избрка девет членови, меѓу кои има и ексиграчи на Арсенал поради што одбиле намалување на платите

Швајцарскиот прволигаш Сион отпушти девет членови, меѓу кои се и поранешните играчи на Арсенал, Алекс Сонг и Јохан Џору, поради што одбиле намалување на платите. Управата на клубот одлучила со секој фудбалер поединечно да се договори за скратување на примањата во период кога кКронавирусот прави раздор низ Европа и е главна причина што нема фудбал, но деветмина играчи не прифатиле таква спогодба и останаа без ангажман.

Покрај Сонг и Џору, меѓу попознатите играчи е и Пајтим Касами, поранешен играч на Фулам, како и Сејду Думбија, ексиграч на ЦСКА Москва и Њукасл. Швајцарија беше меѓу првите земји на Стариот континент која го суспендираше спортот, а доколку фудбалското првенство продолжи во блиска иднина, Сион ќе мора да ги доигра преостанатите 13 кола со десеткуван состав.

Инаку, Сион се наоѓа на осмото место на табелата во швајцарската Суперлига со 23 бода по исто толку одиграни натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести