УЕФА е подготвена да го менува форматот на натпреварување во Лигата на шампионите во 2024 година, а наводно познат е моделот по кој ќе се води најелитниот меѓународен клупски шампионат.
Швајцарски модел, како што се нарекува, би ја отстранил групната фаза, односно сите 32 екипи ќе се натпреваруваат во една група, а првите осум пласирани екипи ќе обезбедат директен влез во осминафиналната нокаут-фаза.
Од останатите 24 екипи, 16-те најдобропласирани ќе играат плејоф, според кој ќе се одредуваат останатите осум учесници во нокаут-фазата.
Според овој систем, сите екипи би одиграле по 10 натпревари.
Reports today that the Swiss model is suddenly new frontrunner for 2024 Champions League format. Reality is that it has been the top option for the past year. Means more games between, top teams and greater variety. Each team will have a completely different path. No group stage. https://t.co/8dzkWC3kqV
— tariq panja (@tariqpanja) December 1, 2020